Нападите од родителите на загинатите во Кочани имаат политичка позадина, вели Митева

Портпаролката на Владата, Марија Митева изјави дека родителите на загинатите во пожарот во Кочани, кои вчера повторно протестираа и побараа оставки од премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, имаат политичка позадина.

„Можам да кажам дека во целост ја разбираме како Влада нивната болка, тоа неколку пати досега сме го кажале. Но, од друга страна морам да кажам, со жалење, дека беа слушнати лични напади кои што пак политички структури имаат за цел да ги искористат во некоја политичка позадина.

Навистина жалам што некои политички структури имаат традиција на некрофили,“ одговори Митева на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите побараа оставки на денешниот „Марш на ангелите“ во Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести