Рамиз Мерко ослободен за набавката на луксузното „ауди“, немало докази

Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко е ослободен за набавката на луксузното возило „ауди“ за потребите на Општината, вредно 67.000 евра, оти Основниот кривичен суд Струга проценил дека нема доволно основи за кривична одговорност.

Според Судот при јавната набавка кој опфаќа набавка на неколку возила и е во вредност од 114.000 евра, немало докази дека тој ја злоупотребил својата службена положба и дека не биле прекршени законските процедури.

Мерко е на т.н. црна листа на САД поради сериозни индиции за корупција и мешање во правосудниот систем, а против него се водат неколку судски случаи.

Фото: Мерко/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести