Од вечерва на полноќ за еден денар поскапува цената на Еуродизелот БС (Д-Е V), а цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 останува иста одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РЕК).
Со новата одлука цената на дизелот ќе биде 66 денари за литар.
Цената на бензинот Еуросупер БС-95 останува 74,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 76,50 денари.
Цената на мазутот М-1 НС поскапува за 0,624 денари по килограм и новата цена ќе изнесува 38,486 денари за килограм.
За 1 денар поскапува и цената на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1), и таа сега ќе изнесува 68,50 денари за литар.
Фото: Унсплеш