Деветнаесет македонски спортисти од екипни спортови добија национални признанија за врвни достигнувања во спортот.
Наградени се фудбалерите Горан Пандев, Дарко Панчев и Илија Најдоски, кошаркарите Петар Наумоски и Перо Антиќ, ракометарите Стојанче Стоилов, Петар Ангелов, Марко Мишевски, Марко Кизиќ, Владо Недановски и Мартин Поповски, и ракометарките Елена Ѓоргиевска, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска Муратовска и Клара Боева.
Според Законот за спорт, ова признание се доделува на македонски државјани кои имаат освоено златен медал или прво место на официјално европско или светско сениорско клупско првенство во екипни олимписки спортови, како и на оние што поставиле европски или светски рекорди на официјални меѓународни натпревари.
Фото: Влада