Синоќа се уапсени 13 полициски службеници и началници од Кочани и Штип, кои биле на должност на 16. март, вечерта кога се случи пожарот во т.н. дискотека во Кочани во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица.
Истрагата ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а сите се осомничени за кривичното дело предизвикување општа опасност и веќе биле на распит.
Повеќе информации и детали се очекуваат денеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Александар Нацев, новиот осомничен за пожарот во Кочани
Каков имот пријавил Александар Нацев, кој доби притвор за пожарот во Кочани
Фото: Игор Бансколиев