22 македонски државјани побрале помош да го напуштат Израел

Поради меѓусебните напади помеѓу Израел и Иран, досега 22 македонски државјани побарале помош од македонските власти за да го напуштат Израел и да се вратат во Македонија, информираа од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР).

-Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата, велат од МНР, од каде посочуваат дека македонската амбасада во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани и се работи активно за да се обезбедат сите неопходни услови за нивно безбедно враќање.

Пред неколку дена МНР ги повика македонските државјани да не патуваат во Израел и Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Иран ја проби „железната купола“ на Израел во одмазничкиот противнапад

(Видео) Израел го нападна Иран, нова војна на повидок

Македонските државјани да не патуваат во Израел и Иран, апелира МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести