Војната помеѓу Израел и Иран ќе удри и по нашиот џеб, цената на нафтата почна да расте

Цел на напади на Израел во Иран деновиве беа и нафтени постројки на земјата, што дополнително ќе се одрази на цената на нафтата, која веќе расте.

Иран поседува околу 9% од докажаните светски резерви на нафта, а до пред конфликтот помеѓу двете земји извезуваше помеѓу 1,5 и 2 милиони барели дневно.

Експертите предупредуваат дека секое нарушување на иранското производство или извозните правци – особено Ормутскиот теснец, низ кој течат околу 20% од светските резерви на нафта претставува системски ризик.

Конфликтот помеѓу двете земји многу лесно може да се префрли и во други земји во регионот, што ќе придонесе за уште поголемо зголемување на глобалната цена на нафтата, а би можел да ги наруши и глобалните транспортни правци.

Повисоката цена на нафата значи поголема цена на бензинот, следствено на тоа и на храната, што значи дека многу земји повторно ќе имаат проблем со инфлацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Иранците масовно бегаат од Техеран, број на загинати во нападите на Израел надмина 220 лица

Снимки од дрон покажуваат серизона штета во повеќе места во Израел по противнападите од страна на Иран(Видео)

Иран ја проби „железната купола“ на Израел во одмазничкиот противнапад

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести