Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, следува период на топло време со пораст на температурите, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Особено топло се очекува од среда до петок, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а на некои места ќе достигне до 40 степени.
Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот кога ќе дува засилен северен ветер,
Фото: Unsplash