За два дена во Скопје со мотор усмртени двајца пешаци

За два дена во Скопје двајца пешаци загинаа откако беа прегазени со мотоцикл.

Завчера на пешачка патека во близина на улицата „Ленинова“ на кејот на Вардар беше прегазен 68-годишниот Ј.Н. од Скопје, кој подоцна почина во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а лицето што го прегази е во бегство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со мотор усмртен 68-годишен маж од Скопје, возачот во бегство

Претходниот ден пак 72-годишниот К.Г. од Скопје беше прегазен на улицата „Шар планина“ во Скопје од страна на 22-годишно момче, кое беше уапсено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ми го прегазија татичко свирепо на пешачка зона пред сопствениот прозор“: Се огласи ќерка на прегазениот 68-годишен скопјанец

22-годишник во Скопје со мотоцикл усмрти пешак

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести