Препораки за топлотниот бран што ќе трае до 8. јули

Министерството за здравство информира дека согласно прогнозите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и врз основа на акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението 2025–2030 година, почнувајќи од денеска се активира фаза 3, што ќе трае до 8. јули.

На предлог на Министерството, Владата ги донесе следните препораки:

– Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години. Оваа препорака не се однесува на вработени во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија).

– Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17:00) за работници изложени на директна топлина;

– Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо;

– Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку;

– Активирање на планови за вонредни услови, сите здравствени установи, установи за згрижување на стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести