Безживотно тело на 70-годишен скопјанец пронајдено во Охридско Езеро

На 05.07.2025 година во 18.21 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во водите на Охридското езеро кај плажата од Извидничкиот центар во Охрид, било забележано безживотно машко тело, информираа од Министерството за внатрешни работи.

-Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за лицето М.Ј. (70) од Скопје, а смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош, информираа од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести