Реплек АД Скопје преку Македонската берза соопшти дека во првите шест месеци од годинава продолжил да бележи стабилен раст на приходите од продажба, следејќи ја планираната динамика и потврдувајќи ја одржливоста на деловниот модел.
-Ова е десетти квартал по ред со позитивен тренд на раст, велат од таму.
Во овој период сегментот Фармација остварил вкупни приходи од 16,4 милиони евра, што претставува раст од 22% во споредба со истиот период минатата година.
-Растот е евидентен како на домашниот, така и на меѓународните пазари. Домашниот пазар оствари приходи од 3,9 милиони евра, што е раст од 34% во однос на првата половина на 2024 година.
Извозот достигна 12,5 милиони евра, што претставува раст од 18%, велат од таму, посочувајќи дека компанијата продолжува со доследно спроведување на стратегијата за балансирана географска распределба на продажбата, со структура на приходи од 75% извоз и 25% домашен пазар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Генералниот директор на Реплек, Пецовски, купи акции на компанијата