Ќе се гради ли хибриден клинички центар за НАТО во Штип?

Додека од 2016 година граѓаните на Штип, но и тие од Источна Македонија чекаат нов Клинички центар во Штип, претседателката Гордана Сиљановска Давкова на вчерашното обележување на 33. роденден на македонската Армија предложи во градот да се гради хибриден клинички центар за потребите на НАТО, кој би им бил на располагање и на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Македонската армија слави 33. години постоење

Според нејзиниот предлог истиот НАТО би го користел само во случај на евентуален конфликт.

Таа кажа дека Штип е град со извонредна стратешка локација, добра инфраструктурна поврзаност и со државен универзитет, а ваков проект би придонел за обнова и заживување на запустената, иселена и раселена Источна Македонија.

Засега нема реакции за нејзиниот предлог.

Новата Клиничка болница во Штип започна да се гради во 2016 година, но поради судски спорови со изведувачот на градежните работи, грчката фирма „Интеркат“, изградбата неколку години целосно беше прекината.

Последните информации за судбината на Клиничката болница се дека актуелната влада почнала преговори со три европски држави за доизградба на истата.

Фото: принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести