Стопанска банка Битола добила известување од Алта Банка за намерата за преземање

Од Стопанска банка АД Битола преку Македонската берза информираа дека Управниот одбор на Банката на 20. август, добил известување од Алта Банка АД Белград, Србија, дека има намера да даде понуда за преземање до 100% од обичните акции со право на глас издадени од Стопанска банка Битола. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе добие ли Стопанска банка Битола нов газда: Српската Алта Банка ја објави намерата за целосно преземање

Како што е познато Алта Банка нуди 3.777 денари по акција. 

-Во добиеното известување стои дека согласно член 26-а од Законот за преземање на акционерски друштва покрај согласностите од домашните тела и институции вклучувајќи, но не ограничувајќи се на претходна согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, понудата е условена и со претходно одобрување на концентрација од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија (Странско одобрение).

Во известувањето стои дека ќе биде поднесено и барање за добивање на дозвола за понуда за преземање до Комисијата за хартии од вредност, по добивање на Странското одобрение, а секако по добивање на согласностите од домашните тела и институции.

Доколку странското одобрение не биде добиено, намерата ќе се смета за повлечена и нема да биде дадена понуда за преземање.

Во однос на Странското одобрение, доколку надлежната институција за давање на Странското одобрение отфрли или одбие издавање на соодветно Странско одобрение, или не го издаде во рок од 12 месеци од објавата на намерата за преземање, Алта Банка АД Београд ќе извести соодветно согласно член 26-а, став 6 од Законот за преземање на акционерски друштва, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Алта Банка која сака да ја преземе Стопанска банка Битола

Понудата за преземање на Стопанска банка Битола од српската „Алта Груп“ стигна до КЗК

Александра Радевска реизбрана за претседател на УО на Стопанска банка Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести