Пожарот во Трубарево е изгаснат, но за жал се уште има активно чадење, изјави утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
„Делот каде што има литумски батериите е затрупан со песок, а онаму каде што нема електронски отпад користена е и земја. Она што можам да го забележам е силно чадење преку песокот и насипаната земја. Пожарникарите работат на навлажнување на песокот, заради догаснување на пожарот, бидејќи ваквиот електронски отпад исклучително е тежок за гаснење,“ изјави Ангелов.
Тој рече дека по полноќ имале дојава дека Дрисла повторно гори, се гледале одредени пламени јазици од гасот што испарува од депонијата.
„Пративме една екипа да го изгасни пожарот, сега состојбата е стабилна, продолжуваме со агресивно затрупување на преостанатиот дел бидејќи најмалку половина од местото кое што гореше вчера е затрупано, но дел од механизацијата беше пренасочена и овде,“ рече Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени три лица за пожарот во Трубарево
Препораки од ИЈЗ за заштита на граѓаните од загадениот воздух, поради пожарите
Фото/Принтскрин видео