Двојно убиство и самоубиство се случило

Двојно убиство и самоубиство се случило попладнево во Велес, јавува велешкиот медиум Дума.мк.

 „Две лица, едно женско и едно машко, се донесени во Ургентен центар на ЈЗУ Општа болница Велес, попладнево по 16:00 часот.

Прво дежурни лекари специјалисти по хируршки болести примиле женско лице избодено со нож на повеќе места на телото и се обиделе да го реанимираат но не успеале.

Потоа, исто така, примено е и машко лице на кое не можело да му се укаже лекарска помош, бидејќи не давало знаци на живот. Лекарите во двата случаи над пациентите констатирале смрт,“ изјави д-р Ванчо Граматов, портпарол на Општа болница Велес.

Неофицијално, една од верзиите е дека момче дошло во семејната куќа на својата девојка и прво неа и нанело повеќе убоди од нож, а потоа и на нејзиниот татко, а потоа момчето си пресудило и на себе си.

Според други извори станува збор за поранешен партнер, кој што ја убива поранешната партнерка и нејзиниот татко.

Се чека официјална информација од СВР Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пред да биде убиена Росица од Велес, повеќепати го пријавувала поранешниот партнер за насилство: Детали од Обвинителството

Објавени фотографии од убиената жена од Велес и нејзиниот татко

Убиена 31-годишна жена и нејзиниот татко, поранешниот нејзин партнер потоа се самоубил: Детали од МВР за двојното убиство и самоубиство во Велес

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести