Актуелниот градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко, кадар на ДУИ, денеска беше осуден на условна казна од две години затвор за незаконско назначување на директори во училиштето „Зини Хани“ во Велешта и парична казна од 2.500 евра за во училиштето „Браќа Миладиновци“ во Струга.
И прво обвинетата Егзона Шеј, која ја извршувала функцијата в.д. директор во училиштето „Зини Хани“ со фалсификувани исправи, доби условна казна од две години.
Од пресудата на Основниот суд Струга се незадоволни и јавниот обвинител Џемал Лога и одбраната на Мерко, па најавија жалба по приемот на пресудата.
Мерко, кој е на т.н. црна листа на САД, неодамна доби ослободителна пресуда за набавката на луксузниот автомобил „Ауди“ во вредност од 67.000 евра и парична казна од 10.000 евра за незаконско поставување директори во неколку основни училишта.
За него се води и постапка за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезот на зградата на Општината, а идниот месец треба да почне судскиот процес за договорот за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште едно обвинение за Рамиз Мерко
Рамиз Мерко ослободен за набавката на луксузното „ауди“, немало докази
Фото: Мерко/Фејсбук