Финансиската полиција влезе во болницата во Прилеп, се истражува местење на тендери

Неофицијално поради местење тендери и злоупотреби со јавни набавки од 800.000 евра, вчера по наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Прилеп, Управата за финансиска полиција влезе во болницата во Прилеп.

Дел од медиумите јавија и за приведени, меѓу кои и раководни лица, а официјална потврда и повеќе информации се очекуваат денес.

Пред неколку месеци ОЈО Прилеп информираше дека води предистражна постапка поради сомнеж за кривичното дело “Злоупотреба на службена положба и овластување“, и дека предистрагата била поврзана со финансиското работење на болницата. Тогаш беше изврешен претрес на осум локации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага против 32 физички и правни лица за злоупотреби при јавни набавки во прилепската болница: Детали од Обвинителството

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести