Топ тема во соседно Косово е инцидентот кој се случи помеѓу пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово, Арменд Земај и случаен минувач на плоштадот во Пришина.
Пратеникот откако минувачот му довикна дека „сите сте лажговци“ и „лажете“, физички се пресмета со него.
Инцидентот се случи на 24. октомври, додека Земај даваше интервју за „Газета Блиц“, па се е снимено.
Пратеникот подоцна се извини.
Видео/фото: „Газета Блиц“/RTV Dukagjini














