(Видео+фото) Рис снимен во околината на Кичево

Од здружението „Еко Фазан“ на Фејсбук објавија ретко видео и фотографии од балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus), качен на дрво, направени во околината на Кичево.

Рисот го снимил и фотографирал Лутфи Османи, член на здружението.

Од таму велат дека најверојатно станува збор за мајка со младенче.

Балканскиот рис живее исклучиво во планинските региони на Балканот, особено во западна Македонија, Албанија и делови од Косово и се смета за најголемата дива мачка во овој регион.

Рисот е национален симбол на Македонија, прикажан и на реверсот на петденарската монета.

Фото/видео: МЕД/НП Галичица/Лутфи Османи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести