Интернешнел Хотелс со добивка и зголемени приходи во третиот квартал

Интернешнел Хотелс АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварил вкупни приходи од 83,237 милиони денари, кои се зголемени за 26% во однос нa истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Вкупните трошоци изнесуваат 70,472 милиони денари, а трошоците од работењето се зголемени сразмено на зголемениот промет, велат од таму.

-Остварен е позитивен финансиски резултат во износ од 12,765 милиони денари.

Остварени се 36.040 ноќевања, повеќе за 38% во однос на истиот период во 2024 година.

Деловната активност на Друштвото во 2025 година е зголемена споредбено со истиот период минатата година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Интернешнел Хотелс со добивка во првиот квартал

Фото: Интернешнел Хотелс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести