Стоилев, кој заврши во притвор за поткуп, разрешен од претседателското место во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе

Илија Стоилев, сега веќе поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, осомничен во случајот за поткуп, поврзан со програмата ИПАРД, за кој доби 30 дена затворски притвор, синоќа на Централниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ е разрешен од претседателското место во Општинскиот комитет на партијата во Свети Николе.

Разрешен е и Гоце Стоиловски од местото претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица.

Тема на Комитетот, како што информираа од таму, била и престојниот Конгрес на партијата, кој ќе се одржи на 6. декември во Кавадарци на кој ќе учествуваат над 800 делегати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што е осомничен Илија Стоилев, актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Каков имот пријавил Илија Стоилев, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, кој заврши во притвор

Што е ИПАРД?

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести