До јуни нема да има возови од Скопје до Велес и Битола

Од Железници на Северна Македонија – Транспорт АД Скопје информираа дека поради реконструкција на пругата на делницата Скопје – Зелениково, од 11 декември 2025 до 10. јуни 2026 година нема да сообраќаат повеќе возови. 

Нема да сообраќаат следниве возови: возот број 601 на релација Скопје – Велес, со време на тргнување во 8:00 часот, возот број 2081 на релација Скопје – Велес со време на тргнување во 13:20 часот, возот број 643 на релација Скопје – Битола, со време на тргнување во 14:30 часот, возот број 2080 на релација Велес – Скопје, со време на тргнување во 12:10 часот, возот број 2082 на релација Велес – Скопје со време на тргнување во 14:24 часот и возот број 642 на релација Жабени – Скопје, со време на тргнување во 11:15 часот.

Фото: Македонски железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести