За убиството на Хавва Азизи (53) од селото Здуње, Основното јавно обвинителство Гостивар, отвори истрага во која се осомничени маж и жена од селото Неготино, Општина Врапчиште.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тие, како што информираа од Обвинителството, најпрво на 7. декември ја киднапирале Азизи, која неколку денови се водеше за исчезната, од пред нејзиниот дом.
Потоа ја однеле во нивната куќа, каде започнале расправија за “одредени недоразбирања“, па ја затвориле во помошна просторија во сопственост на лице кое престојува во странство, по што жената донела пиштол, а мажот го извршил убиството со еден истрел од огненото оружје, посочуваат од Обвинителството.
Заедно со количка го внеле телото на убиената во автомобилот, го однеле во атарот на селото Неготино, каде го спуштиле во ископана дупка, го запалиле и го покриле со земја, гранки и различни предмети.
Обвинителството бара притвор за двајцата.














