еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Накит изработен од дизајнерката Јованка Јанкоска ќе биде изложен во Софија

Третата самостојна изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска, насловена „Хексагон„ ќе биде отворена на 10 ноември, со почеток во 19 часот, галерија Eville Soe во Софија (ул.Пиротска 45).

„Хексагон“ е новиот инспиративен предизвик на Јованка Јанкоска, филигрански осмислен и на оваа третата самостојна и прва меѓународна изложба.

Со сребрената жица како медиум Јанкоска ги синтетизира традиционалните и модерни креативни тенденции така што хексагонот, што е во основата на формата, низ оплеменување со филигранот во техниката и методите на создавањето, добиваат универзални уметнички димензии.

Накитот создаден со уникатна и впечатлива естетика, како оригинално, единствено надополнување на убавината на жената, едновремено е и впечатлив изложбен експонат на Хексагон.

Изложбата традиционално е со продажен карактер и ќе трае до 09 декември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Македонката Елена Реи блесна во креациите на еден од најстарите и најдобри германски дизајнери Marc Cain

Редакција

Чадиковски: Децата до 18 години болни од Ковид-19 бесплатно ќе се лекуваат во Аџибадем Систина

Редакција

(Галерија) Како изгледа велопатеката на Водно

Редакција