еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Трансформацијата на традицијата, Румор: Пронајдете се себеси

Јадрото на урбаниот стил доведен до ниво на висока мода во Румор –  концептуалното дизајнерско студио во Скопје и во Охрид! Многу елементи во кои секој може да се пронајде себеси.

Во Румор има нешто што го нема во многу делови од светот поради тоа што сопствениците го пренесуваат своето искуство со светски познати дизајнери како Луј Витон, Кензо, Ралф Лорен, Роберт Грахам и други. Една од тие работи е развојот и трансформацијата на македонските традиционални ракотворби.

Идејата на Румор е да биде центар на поддршка на овие занаетчиски дејности затоа што има многу млади луѓе кои се инволвирани во нив. Румор знае дека има многу иновативни млади занаетчии кои работат во овие области, посебно во филигранството. Има артисти кои покрај класичните материјали работат со смола, глазура за порцелан, дрворез, стакло, итн.

Влегувајќи во оваа област, Румор се фокусира кон надградување на овие артисти и нивно промовирање со цел да се развијат.

Како студио кое се фокусира на изработка на уникатни парчиња, тимот на Румор започна соработка со Есма Казим од Охрид. Помеѓу нив се создава константна синергија со користењето на ист визуелен речник.

„Почнав со филигранството од моите 15 години, но интензивно го работам веќе една година, посебно со тимот на Румор. Овој занает е во нашето семејство над 50 години и јас сѐ уште работам со татко ми. Секој ден и двајцата откриваме нешто ново“, вели Есма.

Таа додава дека омилени парчиња ѝ се тие кои заедно ги работат со Румор затоа што имаат преклопување на мнозинството од нивните стилски елементи.

Среброто што го користи Есма, во договор со Румор, е од највисок квалитет. Не постои дупликат од нејзините дела. Тоа има посебен жиг ‘925’ и е 100% чисто. Сите елементи се со 6.6 карати злато и имаат сертификат. За елементите кои се со злато Есма користи процес на емулзија врз самото сребро.

Делата на Есма Казим совршено се вклопуваат со колекцијата на Румор. Целата приказна е креирана за урбаната и професионална жена. Глобалниот тренд на „Day to Night“ е могу важен во оваа линија. Истиот е базиран на еден пример, а тоа е кога жена оди на работи носи кошула и панталони, па навечер само ги менува штиклите, ја раскопчува кошулата, става накит од Есма и е подготвена. Сепак е своја и уникатна.

За Есма постигнувањето на ова ниво на висока мода секогаш било нејзина желба.

„Како студент по дизајн секогаш сум била подготвена да направам нешто уникатно. Со спојот на филигранството и модерните методи на изработка успевам да ја трансформирам оваа уметност“, порачува таа.

Истото може да се види и во еден принт од архивите на колекцијата на Ристо наречен „Вртлог“. Тој 2D елемент преку еклектичниот пристап на Есма е претворен во 3D накит.

Иако работата на Есма најмногу одговара со колекциите на Румор, постојат неколку уникатни парчиња облека кои можат совршено да се надополнат едни со други. За сите кои се подготвени да се пронајдат може да ги посетат двете локации на Румор.

Румор во Скопје може да се најде ОВДЕ.

Додека, во Охрид може да го најдете на старата добра локација, ОВДЕ.

Секогаш уникатни со РУМОР!

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна кампањата против врсничко насилство „И зборовите повредуваат“ „Булинг? НЕ во моето училиште!“

Редакција

(Фото) Прва донација на Силк Роуд Банка во рамки на долгорочното партнерство со Клиниката за детски болести

Редакција

BACK TO SCHOOL акција во Нептун: Големи попусти на лаптопи, смартфони и таблети!

Редакција