еМагазин
Image default
Македонија

Сведочеше кумот на Василевски: Нинџа и екс-директорот на УБК беа во штабот на ВМРО-ДПМНЕ пред упадот во Собранието

Сведокот Веле Петрушевски, предложен од одбраната на обвинетиот Александар Василевски – Нинџа, денеска пред судот рече дека на 27 април минатата година ручал во гостилницата „Дион“ заедно со обвинетиот и потоа го однел во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

„На 27 април бев со ќерка ми во ТЦ „Сити мол“. Му се јавив на Александар Василевски-Нинџа, кој ми е кум, да се видиме да чести ручек. Ми рече може да дојдеш во „Дион“. Се најдовме и потоа ме замоли да го однесам со автомобил до штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Го однесов таму.

Тој мислам дека влезе на трети кат, а јас останав долу во бифето за да го почекам. Не знам колку беше часот, но на телевизорите видов дека се случува упад во Собранието. Потоа ми се јави дека се симнува да си одиме. Кога се симна го видов и поранешниот директор на УБК, со капче мислам.

Ми рече Нинџа да отидеме пеш преку Триумфалната капија да видиме што се случува. Кај „Жена парк“ дојде Никола Бошковски со сив „голф 5“ и нешто се тргнаа. Јас почекав 15 минути и си заминав по автомобилот и тргнав дома. Не знам колку беше часот“, рече сведокот.

На прашање од обвинетиот Нинџа, да посочи некој од судницата што на 27 април минатата година бил во „Дион“, сведокот рече Кољо, Митре и други на кои не може да се сети сега.

На прашање од Судот колку добро се познавал обвинетиот Нинџа со Владимир Атанасовски, одговори дека добро се познаваат и контактираат и додаде оти тој не присуствувал на некоја нивна средба.

Прашан дали Нинџа му кажал нешто за 27 април, сведокот Петрушевски рече „Не, ништо никогаш зошто јас сум малку спротивно од тоа“.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

Во судница се присутни сите обвинети, меѓу кои има пратеници, уметници, луѓе од собраниското обезбедување, вработени во МВР и граѓани.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бранителот на Нинџа, Давидовиќ: Ланецот на командување на 27 април од полициски станал партискополициски

Приведениот екс директор на УБК, Атанасовски неможе да се сети кај се бил на 27 април

Обвинетиот Нинџа за настаните од „27 април“: Бевме искористени од УБК и ВМРО-ДПМНЕ, никој не ја знаеше режијата сите бевме статисти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 407 случаи на Ковид-19 од 2.540 тестирања

Редакција

Апелација одлучи: Мијалков излегува од Шутка, оди во домашен притвор

Редакција

Починаа 37 лица од Ковид-19, вкупно до сега 4.714

Редакција