Поднесено обвинение за возачот кој го усмрти поранешниот директор на ОХИС, Јорго Ќука

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за сообраќајна несреќа со смртни последици, која се случи во ноември минатата година на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје.

Според обвинението, возачот, управувајќи автомобил „фолксваген пасат“, не ја приспособил брзината при приближување кон пешачки премин. Тој се движел со брзина од 53 километри на час, што е над дозволеното во населено место, по што со предниот дел од возилото удрил во велосипед кој ја преминувал улицата на пешачки премин.

Од ударот, Јорго Ќука, поранешниот директор на ОХИС, кој го управувал велосипедот, се здобил со тешки телесни повреди и починал на самото место.

Обвинетиот се товари за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а за кое е предвидена минимална затворска казна од четири години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јорго Ќука, поранешниот директор на ОХИС е прегазениот човек кој почина

Мерки на претпазливост за лицето кое го усмрти Јорго Ќука

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести