39-годишниот П.С. од Богданци вчера ја убил мајка му, 58-годишната М.С., а денеска утрово сам го пријавил делото во Полицискатата канцеларија Богданци.
Трагедијата се случила околу 21 часот во стан во кој престојувале. Почнало со расправија помеѓу двајцата, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица и Одделението за внатрешни работи (ОВР) Гевгелија, таа потоа преминала во физичка пресметка.
П.С. со остри предмети и нанел убодни рани на М.С. во пределот на главата.
Од здобиените повреди таа починала, а смртта е констатирана и од лекар од Итната медицинска помош Гевгелија.
Нејзиното тело е дадено на обдукција, а против П.С. е поднесена кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Фото: Унсплеш












