Маж во Аеродром нападнал 16-годишник, го турнал во багажник за да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека вчера во 22:00 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, Е.Б. (36) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице, кој насилно го турнал во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило.

Според пријавеното, тој физички го нападнал и неговиот другар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести