Марихуана е одземена од повеќе фирми од бизнисот со медицински канабис, истрагата продолжува, уапсени или осомничени нема

Од Основното јавно обвинителство, денеска информираа дека во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата, континуирано презема активности во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одземени 40 тони марихуана и 1.300 шишиња масло од канабис: МВР се огласи за акцијата

-Постапувањето се одвива во континуирана координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), како и со други јавни обвинителства со месна и стварна надлежност, кои постапуваат по предмети за кривични дела утврдени во Законот за контрола на опојни дроги.

Во насока на целосно утврдување на фактите и околностите, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е во комуникација со Обвинителството за организиран криминал на Република Србија, со цел размена на информации од значење за постапката што ќе помогнат да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната.

Воедно, јавниот обвинител од ОЈО ГОКК презема и други дејствија согласно своите законски надлежности, вклучително и сослушување лица во својство на сведоци, со цел прибирање докази и факти релевантни за постапката.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со надлежните институции, продолжува со преземање на дејствија за целосно расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде навремено информирана, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се условите за да фирма добие лиценца за производство на медициниска марихуана

Ексклузивно: Кои се фирми имаат лиценца за производство на медициниски канабис

Која е фирмата Алфафарм регистрирана во Македонија, чиј косопственик е уапсен во Србија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести