Професорот на Правниот факултет, Гоце Наумовски, предложен за нов уставен судија

Редовниот професор на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“, Гоце Наумовски, е предложен за нов уставен судија.

На седница на собраниската Комисија за избори и именувања, беше предложен од страна на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, а беше изгласан со мнозинство гласови.

Треба да дојде на местото на судијката Јадранка Дабовиќ Анастасовска, која поднесе оставка од лични причини.

За да стане судија треба да биде изгласан на пленарна седница во Собранието.

Наумовски се најде на списокот на советници на премиерот Христијан Мицкоски, објавен лани, како надворешен советник за право.

На Правниот факултет предава на катедрата за Римско право и предава некоку предмети: Римско право, Право и информатичка технологија, Право на трговски марки и географски називи, Патентно право, Спортско право, Реторика, Интелектуална сопственост и Правна реторика и аргументација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила судијката Јадранка Дабовиќ Анастасовска, која поднесе оставка

Која е уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска, која поднесе оставка

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести