На кејот на Вардар пак ќе има градска плажа

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на Фејсбук информираше дека на кејот на Вардар во Градскиот парк пак ќе има градска плажа.

Истата ќе биде на местото на плажата „Парк“, која беше направена во 2010 година кога градоначалник на Градот беше Коце Трајановски, а изминативе години беше целосно запоставена и нефункционална.

На плажата веќе се поставува песок.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести