Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, во Минхен, Германија, во рамки на Минхенскиот безбедносен форум, вчера се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
За средбата Мицкоски информираше на Фејсбук и напиша дека двајцата разговарале за “актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност, но пред сè за праведен мир“.
-Веруваме дека мирот мора да биде изграден врз правда, почитување на достоинството на народите. Само таков мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа, пишува Мицкоски.
Двајцата разговарале и за продлабочување на соработката, економска размена и поддршка во процесите за напредок на државите.
-Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба.
Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, партнер на стабилноста и поддржувач на праведниот мир, пишува Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Кој се е во македонската делегација на Минхенската безбедносна конференција
Фото/видео: Влада














