(Видео) Телма објави снимка од осомничениот сериски убиец во кумановско

Телевизијата Телма објави снимка од безбедносна камера, на која според телевизијата, е 25-годишниот Т.Б., од Општина Старо Нагоричание, кој е осомничен за убиството на М.С. (78) од кумановското село Челопек, а за кој македонските органи истражуваат дали е поврзан и со други убиства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има ли сериски убиец во кумановско: Се испитува дали 25-годишниот маж кој уби жена во Челопек е поврзан и со други убиства

Тој моментално е во притвор, а на снимката се гледа како се обидува да влезе во куќа. Според телевизијата станува збор за дом кој се наоѓа близу местото познато како Коински мост, а во куќата живеела сама повозрасна жена.

Снимката е од 23. јануари годинава во еден часот и 54 минути после полноќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Жена од Челопек сведочи како била давена од непознато лице додека се истражува дали има сериски убиец во кумановско

25-годишник осомничен дека убил 78-годишна жена во Челопек

Фото/видео: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести