Поскапуваат сите горива

Од вечерва на полноќ поскапуваат сите горива, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за половина денар, на Еуродизелот (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за еден денар, а на Мазутот М-1 НС за 0,637 денари.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 73,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 75,50 денари за литар, на дизелот, 69 денари за литар, на маслото за горење, 68 денари за литар, а на мазутот 34,520 денари за килограм.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести