Имам изгореници на дишните патишта, десното уво, вратот, лицето и десната рака, уште неможам да свирам, рече музичарот Тонев

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани свдочеше и музичарот Горан Тонев, надворешен член на групата ДНК, која имаше концерт таму кобната ноќ.

На нивните настапи свирел на гитара, а со нив настапувал во период од една година и три месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој не го сфати сериозно Панчо, кога повика да ја напуштиме „Пулс“, рече придружниот вокал на ДНК, Костадиновска

И тој како и други сведоци не забележал кој ја поставил, кој ја набавил и кој ја активирал пиротехниката, поради која настана пожарот. Истата кобната ноќ веќе била поставена пред настапот на групата. Рече и дека не секогаш се користела на настапите на групата и дека никогаш со никого не разговал за пиротехниката, туку за звукот и репертоарот.

Откако настанал пожарот се симнал од бината и тргнал накај влезот, посочувајќи дека истиот се ширел многу брзо. Не видел дека плафонот почнал да гори, од местото каде што стоел, а станал свесен за тоа, кога членот на ДНК, починатиот Владимир Блажев Панчо, повикал сите да го напуштат објектот.

-Од горе од сунѓерот капеа капки, беше екстремно топло, имаше многу густ чад, не можев да дишам и тоа траеше многу време. Како што гореа сунѓерите тие се топеа и кога погледнав нагоре огнот беше над мојата глава и капеа црни капки. Имам повреди и од нив.

Сунѓерот изгледаше како во музичките студија, беше во брановита форма, рече тој.

Посочи и дека во т.н. дискотека имало премногу луѓе и дека се заглавил во стампедото.

-Долго време не успевав да излезам оттаму. Во тие моменти мислев дека го губам мојот живот. Излегов преку единствената врата, рече тој меѓу друго.

Рече и дека се уште не може да свири на гитара. Има изгореници на дишните патишта, десното уво, вратот, лицето и десната рака, а се лекувал во Солун, Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прво мислев дека се работи за анимација, кажа гостин во „Пулс“, кој го снимил почетокот на пожарот

Во „Пулс“ имало три прскалки, ги пецкале гостите, рече преживен во пожарот и поранешен вработен таму

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести