Опасност од уривање карпи на Матка, забрането е движење на планинарската и пешачката патека

Забрането e движење на планинарската и пешачка патека кон Матка поради сериозна опасност од уривање на карпи и одрони, предупредуваат од планинарското друштво „Лисец“.

„Одлуката е донесена од страна на Општина Сарај, а врз основа на актот на Дирекција за заштита и спасување.

Забраната ќе трае до престанок на опасноста.

Се молат сите рекреативци, планинари и туристи да ја имаат на ум оваа забрана доколку планираат да се движат во овој дел,“ се вели во објавата на ДПС Лисец.

Фото: ДПС Лисец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести