Блискиот Исток е пред тотална војна, од која последиците ќе ги почуствува целиот свет.
И денеска продолжија нападите на Израел на Иран, на што земјата возврати со контра напади, а продолжи и да напаѓа американски бази во регионот, но и цивилни цели.
Експертите сметаат дека нападите на Иран на цивилни цели во регионот е да ги вовлече сите земји од Блискиот Исток во конфиликот, за кој никој не може да каже колку ќе трае.
Сите страни во конфликтот за следните денови најавуваат уште поинтензивни воени дејствија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиен верскиот лидер Али Хамнеи, најмоќниот човек во Иран
Вчерашното убиство на верскиот лидер ајатолахот Али Хамнеи, најмноќната личност во Иран, но и на други високи ирански функционери дополнително ќе придонесе за влошување на состојбата во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата може да порасне драстично поради нападот на Иран
(Видео) Во Иран и се слави, и се плаче за убиениот верски лидер Али Хамнеи
Фото: Руско МО/видео: Iran International – English/Israel Mossad & WAR News













