И Кипар вовлечен во кризата на Блискиот Исток, погодена Британската воздухопловна база

Кризата на Блискиот Исток драматично се шири во земјите од регионот.

Како што веќе анализираше еМагазин, со истата веќе се зафатени 11 земји, а во кризата е вовлечен и Кипар, членка на Европската унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блискиот Исток пред експлозија: Кризата се прошири во 11 земји, последиците ќе ги почиствуваме сите

Таму со беспилотни летала е погодена Британската воздухопловна база, потврди британското Министерство за одбрана.

Нема жртви, а е пријавена минимална штета.

Персоналот ќе биде привремено преместен.

Не е познато точно од каде стигнал дронот, соопштија властите на Кипар, а Британците собориле уште еден.

Вооружените сили на Велика Британија, членка на НАТО, неодамна преместија дополнителни ресурси во своите бази на Кипар, вклучувајќи системи против дронови, борбени авиони Ф-35 и радарски системи.

Министерството за одбрана на Британија соопшти дека овие дополнителни капацитети се наменети исклучиво за одбранбени цели, првенствено за откривање и неутрализирање на воздушни закани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патниците да се информираат кај туристичките агенции и авио-превозниците, заради прекинатите летови до Дубаи и Абу Даби

Цените на нафтата и златото почнаа да растат, светските берзи во црвено

Над 150 македонски државјани побарале евакуација од Израел, Катар и ОАЕ

Фото: Унсплеш/видео: Х/Nexta

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести