Патниците кои од Дубаи пристигнаа во Белград не биле евакуирани со организација на Владата, туку патувале со редовен лет на компанијата „Флај Дубаи“

Патниците кои од Дубаи пристигнаа во Белград не биле евакуирани со организација на Владата, туку патувале со редовен лет на компанијата „Флај Дубаи“, за кој имале претходно купени билети. Според информациите, тие биле контактирани од авиокомпанијата дека летот ќе се реализира, по што околу 200 патници се вратиле во Србија, објави Скопје1.мк.

Летот бил реализиран по три последователни одложувања. Првично требало да полета во саботата, на денот кога започнаа воените дејствија меѓу САД, Израел и Иран, но бил презакажан во уште два термини без да се реализира. По дополнителни безбедносни проценки на компанијата „Емиратс“ и надлежните власти во Обединетите Арапски Емирати, било одлучено летот да се изврши синоќа.

Пред реализацијата на летот за Белград, од аеродромот во Дубаи полетале и авиони кон Варшава, Ријад, Адис Абеба, Мумбаи, Рига, Лахоре, Прага, Будимпешта, Милано, Коломбо и Баку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евакуација на македонските граѓани се разгледува и преку Оман

За македонските граѓани кои сакаат да бидат евакуирани од ОАЕ, постои можност со автобус да бидат транспортирани до Саудиска Арабија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести