Додека синоќа на бензинските пумпи низ земјава се правеа колони за да се наполни гориво по стари цени, цената на нафтата падна под 90 долари за барел, откако претходно накратко надмина 118 долари, што беше причина цените на бензините и дизелот во земјава драстично да пораснат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дизелот поскапува за 14,5, а бензините за 5 денари
Падот на цената на нафтата следеше откако американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за CBS News, меѓу друго рече дека војната со Иран е „практично завршена“.
„Мислам дека војната е речиси завршена“, рече тој, додавајќи дека воената операција е „далеку понапред“ од првичниот план, кој предвидуваше таа да трае од четири до пет недели.
Сепак, клучната транспортна рута за глобалната трговија со нафта – Ормутскиот теснец – останува речиси затворена, а по изјавата на Трамп, регираше и Иран, од каде порачаа дека тие ќе одлучиле кога ќе заврши војната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата може да интервенира по шокот со драстичнот раст на цените на бензините и дизелот
Фото: Игор Бансколиев













