Цената на нафтата деновиве се движи од 80 до 100 долари, откако претходно порасна до околу 120 долари за барел, што првично предизвика раст на цената на бензините и дизелот низ целиот свет.
Доколку кризата на Блискиот Исток продолжи ќе растат и цените на бројни производи, а тоа ќе придонесе до раст на инфлацијата.
Паралелно со цената на нафтата, расте и цената на гасот.
Поради нефункционирањето на Ормутскиот теснец веќе драстично расте цената на уреата – минерално ѓубриво, а освен нафта, гас и ѓубриво низ овој теснец се одвива и транспортот на различни типови на храна за регионот.
Од храната прва на удар ќе биде цената на основните производи како пченица, пченка, леб, тестенини и компири.
Се очекува и раст на цената на производите со одреден рок на траење, како што се млечните производи и морските плодови, како и на цените на соиното масло и храната за животни.
Кризата сериозно ќе удри и на светското земјоделство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светот да се подготви за нафта која ќе чини 200 долари за барел, најавуваат од Иран
И авионските билети ќе поскапат поради кризата на Блискиот Исток
Фото: Унсплеш













