Полицаец две години силувал и сексуално злоставувал малолетно момче во Велес

Полициски службеник две години силувал и сексуално злоставувал малолетно момче во Велес, објави телевизијата Телма.

Станува збор за лицето В.К..

Тој бил приведен вчера и е осомничен за кривичното дело „полов напад и силување“.

Дејствијата во повеќе наврати се одвивале во периодот од 2024 до 2025 години, а почнале кога момчето, родено во 2008 година, имало 16 години.

Момчето се решило на овој чекор сега, поради срам и страв дека доколку се дознае тоа што се случувало, ќе има негативно влијание за него.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести