Ќе се намали или зголеми денеска цената на горивата

Денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) треба да ја соопшти новата цена на горивата, која зависи од цената на нафтата на светските берзи, но и од курсот на доларот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Регулаторната комисија за енергетика придонесе за драстичниот раст на цените на бензините и дизелот, додека цената на нафтата растеше, таа го измени Правилникот

Изминативе денови откако претходната недела во Македонија имаше драстичен раст на цената на бензините, а посебно на дизелот, цената на нафтата повторно надмина 100 долари, моментално е 106 долари за барел, а порасна и доларот.

Во меѓувреме најголемиот снабдувач со нафтени деривати во Македонија, Окта АД Скопје, им понуди на трговците со горива, попуст од 2 денари по литар за дизелот и бензините, на што реагираше најголемиот дистрибутер на нафтени деривати во земјава, Макпетрол АД Скопје, од каде потенцираа дека понудата на компанијата не е доволна и дека не го решава проблемот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се главните играчи на пазарот со нафтени деривати во Македонија

„Макпетрол“ со став дека намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно

Зошто е важен иранскиот остров Харг, кој го нападна САД и како може да влијае на цената на нафтата

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести