Денеска во судницата во затворот Идризово треба да продолжи судењето за трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека „Пулс“ загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Судењето треба да продолжи со сослушување на нови сведоци на Основното јавно обвинителство.
За трагедијата се обвинети сопственикот на т.н. дискотека, управителите, членовите на обезбедувањето, поранешни градоначалници на Општина Кочани, градежни и пазарни инспектори, поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување, поранешни министри за економија, службеници во Министерството за економија…
Сите се изјаснија за невини.
Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Времето нема да ги излечи раните, ќе има ли барем правда: Една година од трагедијата во Кочани
Да не ги заборавиме и хероите од трагедијата во Кочани, без нив ќе беше уште поголема
(Видео) 63 бели празни столчиња: Кочани им одава почит на загинатите во пожарот во „Пулс“
Фото: Игор Бансколиев













