Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека 11-годишно девојче од Скопје е тешко повредено откако било удрено од патничко возило на крстосница во центарот на градот, а возачот по несреќата го напуштил местото на настанот.
Случајот бил пријавен вчера во 16:10 часот, кога од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било соопштено дека кај нив е донесена малолетничката со тешки телесни повреди.
Несреќата се случила околу 13:20 часот на крстосницата меѓу улиците „Васил Ѓоргов“ и сервисната улица што води кон „Народен Фронт“, каде патничко возило удрило во девојчето и потоа избегало.
На местото бил извршен увид од екипа на Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.
Фото: Unsplash














