Изминатиов викенд во Скопје на различни локации се пронајдени две починати лица, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
На 21. март во семејниот дом во скопски Центар бил пронајден починат 64-годишниот Д.В. од Скопје.
Истиот ден во двор од семејната куќа во Скопје е пронајдена почината 84-годишната Д.В. од Скопје.
Нивните тела се дадени на обдукција.
Во Куманово пак истиот ден во дворно место на улицата „Средорек“ била пронајдена почината Г.Д. (50) од Куманово.
И нејзиното тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш














