ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6. април

Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени, ОКТА АД Скопје го продолжува попустот што им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци до 6. април, годинава.

„Дополнително, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар и истиот ќе стапи во сила од денес, 24. март 2026 година. Оваа доброволна иницијатива на ОКТА има за цел да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава. Трговците на големо и мало имаат целосна слобода самостојно да ги дефинираат своите цени, согласно нивната комерцијална политика.

Со продолжувањето на мерката и засилената поддршка за дизелот, компанијата повторно ја потврдува својата посветеност кон стабилноста на пазарот, сигурното снабдување и долгорочното партнерство со трговската мрежа во Република Северна Македонија,“ велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дизелот на „Макпетрол“ ќе се продава за цена три денари пониска од таа објавена од РКЕ

Како се одредува цената на бензините и дизелот

Кои се главните играчи на пазарот со нафтени деривати во Македонија

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести