Обилни врнежи од дожд, се очекуваат од петок, кога под влијание на циклонска активност ќе има период на нестабилно и постудено време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
-Пообилни врнежи ќе има во петок, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи.
Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, велат од таму.
Фото: Унсплеш














